Вака штосно спакуван македонски производ ќе најдете само во ова место: Сладок сувенир кој ќе израдува секого (Фото галерија)

Ако барате совршен рецепт за вкусен локум, веднаш ќе ви кажеме дека нема да најдете. Мајсторите рецептот го чуваат во најсторга тајност и го пренесуваат од генерација на генерација. Затоа не мачете се залудно и за ова вкусно задоволство чија традиција е вековна, обратете се кај луѓето на кои правењето локум им е традиција и идентитет.

Ќе погодите од прва, ве водиме во Крушево во можеби најстарата слаткарница “Тагас-Балкан”, која неодамна прослави еден век постоење.

Локумот, но и крушевските целувки се нивни препознатилив белег и вкусен сувенир без кој не може да помине ниту една посета на Крушево. Едноставно тоа е вкус на кој не можеш да одолееш.

И додека локумот на Тагас ги има прошетано сите континенти, целувките срамежливо останувале во втор план, но не за долго.

Вака штосно спакуван македонски производ ретко каде ќе најдете на друго место. Во различни форми и бои…кога ќе ги погледнеш, да ти е криво да каснеш…но верувајте, колку што убаво изгледаат, три пати повеќе се вкусни.

Па еве ви одлична мотивација за Велигденските празници да го посетите Крушево и со себе да понесите одличен вкусен сувенир за себе и за вашите најблиски.

Една странска поговорка вели: “Размислувај надвор од кутијата”. Крушевчани ќе се согласат со тоа, но ќе го додадат следното: “Не и кога слатките задоволства на “Тагас-Балкан” се во прашање”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.