Во саботата на ден 21.12.2019, во Ниш, Р. Србија се одржа Меѓународен турнир во бокс, а настапија натпреварувачи од 4 земји и тоа: Србија, Црна Гора, Бугарија и Македонија.
На овој турнир учествуваа 10 боксери од Македонија, а освоени се 7 златни и 3 сребрени медали.
Од Боксерскиот клуб “АС” од Прилеп настапи Димитар Ангелески и го освои првото место.
Димитар покажа одлична борба, a pобедата му беше заслужена oткако напаѓаше цели 3 рунди и два пати го доведе повисокиот противник во нок даун. Додека за Дамјан Талимче немаше противник во неговата категорија.
Овој успех на Македонските боксери се должи на предходните припреми што се одржаа во Задар Р.Хрватска од 10 до 15.12.2019 година предводени од искусниот тренер Самет Салиевски.
“За оваа година ова е последен настап на нашите боксери. Се планира од наредна година да се одржат неколку припреми надвор од Македонија. Ќе се работи на боксери од категориите на деца, кадети и јуниори. Најинтересни земји засега ни се Хрватска и Шведска, каде што сме и одлично прифатени за соработка, а воедно и побрз напредок на нашите боксери и освојување на меѓународни и европски медали”, вели Дарко Чатлески, тренер на боксерскиот клуб “АС” од Прилеп.