Вака славеа прилепчани Нова година низ годините (Фото/Видео)

Новогодишната магија која во изминатите години беше одлика за Прилеп и за централното градско подрачје во градот, оваа година помина народски кажано “колку да се помини”.

Ако пред само неколку години се’ беше во духот на украсните бои, со богата програма и празничен амбиент, многу народ на плоштадот, оваа година во Прилеп новогодишната вечер помина скромно со стотина присутни граѓани.

На половина час од одбројувањето за Новата година, прилепскиот плоштад “Методија Андонов-Ченто” зјаеше речиси празен.

Навистина штета, особено што пред прилепчани вечерва меѓу останатите настапува Мила Москов, девојчето кое пред еден месец и го донесе шетото место на Македонијана детскиот Евросонг.

Покрај Мила Москов, во центарот на Прилеп настапуваат и младата изведувачка Теодора Зероска, како и прилепскиот бенд “Прилепски еснаф”.

Како изгледаа плоштадите “Методија Андонов – Ченто” и “Александрија” во изминатите години, најдобро може да се види на фотографиите и видеата во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.