Вака се сака спортот, видете што направија битолските советници

Дополнителни 7.000.000,00 денари поддршка за РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР, предложија советниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на општина Битола, информираше на социјалните мрежи Претседателот на Советот, Бојан Бојковски.

-Во комуникација со градоначалникот на Општина Битола, како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, предложивме дополнителни 7.000.000,00 денари за нашиот ракометен клуб и гордост на Битола РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР. Предвидените дополнителни средства од предложените 3.000.000,00 денари се награда за освојување на шампионската титула во македонската ракоментна лига, напиша Бојковски.

Пример како се гради шампионски тим, секоја чест!

https://www.facebook.com/photo/?fbid=10235966913504965&set=a.1567351715492




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.