Желбата за чист Прилеп и љубовта кон градот и природата, ги инспирира граѓаните самоиницијативно да се организираат во еко – акција која се одржа вчера на Маркукуле.
Во акцијата која што ја покрена Виктор Петроски преку социјалните мрежи, учество зедоа 50-тина прилепчани кои од пладне по падините, од локацијата кај „Слонот“ па се‘ до крстот на Маркукуле, грижливо собираа отпад и се дружеа користејќи го убавото мартовско сонце.
Се приклучија сите кои што си го сакаат Прилеп чист, извидниците и членовите Спелеолошкото друштво и спасителската служба „Златоврв“.
Ова е прва во низата еко акции планирани од Виктор Петроски кој што најавува наредните викенди да се расчистуваат од отпад излетничките локации Селце и Волково.
Фото: Теодора Велкоска
Извор: “РАДИО ПЕЛА”