Aлекса Петрески од Прилеп е еден од многуте талентирани млади луѓе од нашиот град кој располага со одлични вокални способности.
Неодамна тој направи преработка на песната “Преварена” од Саша Ковачевиќ, како и одличен видео спот.
Петрески со музика започнал да се занимава пред 2 години и моментално настапува низ голем број локали ширум државата.
Спотот за преработката на “Преварена” е сниман во Центарот за култура “Марко Цепенков” и во околината на манастирот Пресвета Богородица – Трескавец.
Ова е негова прва преработка, а Алекса најавува уште две нови и прва авторска песна за скоро.
Во продолжение уживајте во ова мало ремек дело: