Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, одржа прес конференција на којашто информираше за алатката за пријавување на притисок на работно место за вработените во јавната администрација.
“Со таа цел, МИОА на 13-ти септември објави алатка за пријавување на притисоци на работно место, во пресрет на референдумот.
Алатката има за цел да послужи како заштита за сите вработени во јавната администрација, кои во случај на притисок имаат лесно достапно место каде да се обратат. Тое е и предупредување за сите министри, раководители, директори… дека секој нивен обид за злоупотреба на службена положба ќе биде најжестоко санкциониран.
Алатката овозможува секој вработен во јавната администрација да пријави евентуални притисоци на работно место. МИОА се обврзува сите пристигнати пријави да ги проследи до надлежните органи, за понатамошно постапување. Ова веќе е искомуницирано со надлежните институции.
Пријавувањето е анонимно, но доколку лицето кое пријавува сака да ги сподели личните податоци, тие ќе бидат заштитетни согласно Законот за заштита на личните податоци. За ова веќе се превземени соодветни технички и организациски мерки”, истакна меѓудругото Манчевски.