Вака работат одговорните компании: Бесплатни ехо прегледи на дојка и тироидна жлезда за 300 вработени жени во “Витаминка”

Грижата за здравјето на сите вработени отсекогаш била приоритет број еден за Витаминка. Затоа, последниве три дена во просториите на компанијата се направија бесплатни ехо-прегледи на дојка и тироидна жлезда за околу 300 жени вработени во нашата компанија.

Здравствените прегледи беа наменети за вработените од Прилеп, Штип и Скопје, општини каде компанијата има свои работни простории.

Оваа активност ја реализираме со цел да придонесеме за здравствената добросостојба на жените од сите возрасти вработени во компанијата и да апелираме за поголема здравствена грижа.

Преку бесплатниот ехо-преглед на дојка и тироидна жлезда ќе поттикнеме на самосвесност за потребата од редовни прегледи и ќе ги охрабриме за поголема грижа и свесност за сопственото здравје.

Веруваме дека со еден ваков чекор ќе ја подигнеме свеста за грижа за здравјето, за превенција од рак на дојка и ќе ги мотивираме и останатите компании и организации да вложуваат во своите вработени.

Превенцијата е половина здравје и токму затоа, како општествено одговорна компанија продолжуваме да се грижиме за вработените преку преземање на конкретни чекори за заштита и унапредување на безбедноста и здравјето.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.