Вака прославуваат вистински навивачи: Фалангата од Штип спектакуларно прослави 30 години постоење (Видео)

Навивачката група “Фаланга” од Штип изминатиот викенд го одбележа своето тридецениско постоење.

Прославата започна со дефиле по улиците на градот, а кулминацијата се случи на штипската тврдина Исар.

Една убава глетка, која веројатно долго ќе ја паметат штипјани. На 22 ноември навечер Штип беше во „пламен“.

Таа убава слика можеа да ја забележат сите штипјани кои сеуште беа будни. Баклијадата беше прекрасно изведена, а видеото во продолжени најдобро го покажува тоа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.