Иницијативниот одбор на манастирот Св. Илија Писокал во село Кален, прилепско Мариово, без прекин и посветено работи на светилиштето.
Пред извесно време таму се постави камен темелник за изградба на камбанарија, нешто што недостасуваше во манастирот.
Деновиве луѓето кои го вратија духот на ова место напорно работат за што поскоро да се изгради камбанаријата и што поскоро да одекне нејзиното ѕвоно.
Проектот го реализира градежната фирма „Душан Караорман“ од Прилеп.
Неодамна во манастирот за празникот Св. Константин и Елена беше весело и полно со луѓе, а за забавата тогаш се погрижија естрадниот пејач Спасен Силјаноски и групата “Плетенка”.
Tимот на најдоброто фото студио во Прилеп, “ФОТО ДАНО”, изработија и прекрасно видео од манастирот и се она што досега е направено.
Наредно од манастирот се подготвуваат за манастирската слава на Илинден, кога ќе настапат “Група Арена” и Џељо Дестановски.