Врвно достигнување на Јавниот градски превоз во Прилеп! На бандерите кај автобуските стојалишта и постојки поставени се импровизирани табли со возен ред.
Инаку, неодамна општината потпиша договор за набавка на четири автобуси во вредност од близу еден милион евра. Со оглед на високата сума која ќе биде платена, прилепчани се шегуваат дека градоначалникот им набави четири сухои.