ВАКА ГО ПРАВАТ ТОА РУСИТЕ! Специјалната единица разби терористичка ќелија, припадниците кревале раце и паѓале на земја (ВИДЕО)

Во Татарстан е откриена тајна терористичка ќелија која била во комуникација со Исламската држава, а 18 нејзини припадници се уапсени, пишува во соопштението на Федералната служба за безбедност на Русија.

Како што е соопштено, во соработка со единицата на МУП и Руската гарда, во рамките на специјалната операција која била изведена во Татарстан, ФСБ на Русија прекинала тајна терористичка ќелија која била контролирана од меѓународната терористичка организација ДАЕШ (Исламска драва).

“За време на заплената на оружјето во складиштето во градот Набережниј Челни уапсен е еден член на групата. Истовремено уапсени се уште 6 членови и 11 граѓани кои биле под влијание на терористите. За време на претресот на 18 адреси одземено е огнено оружје, муниција, екстремистичка литература и ознаки на ДАЕШ”, пишува во соопштението.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.