Важно соопштение од СВР Битола до сите граѓани кои се греат на дрва

Постапувајќи по ОА Гора од страна на Секторот за внатрешни работи Битола, утврдени се одредени злоупотреби од превозниците (физички и правни лица), кои вршат транспорт на огревно дрво до крајните купувачи, со неиздавање на испратници за испорачаната дрвна маса која е жигосана со број на печат.

Од страна на Секторот за внатрешни работи Битола се преземаат соодветни мерки и активности за сузбивање на ваквите појави со поднесување на соодветни пријави до надлежното ОЈО.

„Имајќи го во предвид горенаведеното, бидејќи се работи за поголем обем на утврдени неправилности, за краток временски период, Секторот за внатрешни работи Битола превентивно сака да ја запознае јавноста, за граѓаните да бидат информирани дека при приемот на огревното дрво исклучиво да бараат соодветни испратници издадени со печат од МЗШВ, а не наместо испратници да примаат друг документ како превозница (потврда за превоз или товарен лист), кои се интерени документи за самиот превозник“, велат од СВР Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.