Поради испуштање на непланирани големи количини на вода од страна на ЈП Студенчица, во одредени делови од градот може да се појави заматување на водата – информираат од ЈКП Водовод и канализација Прилеп.
-Екипите на ЈКП “Водовод и канализација” – Прилеп ја следат состојбата на водоснабдувањето во градот и во овој момент имаме нормално водоснабдување. ВОДАТА е технички и здравствено исправна, матноста на водата е во границите на нормалата.
Доколку дојде до поголема заматеност на водата ЈКП “Водовод и канализација” – Прилеп ќе излезе со официјално соопштение и препораки до граѓаните на Општина Прилеп – стои во соопштението од прилепски водовод.