Поради оштетување на надворешна шина помеѓу железничките станици Прилеп и Битола, на патен премин во ниво „Сточен пазар“, ЈП Македонски железници во текот на утрешниот ден, четврток 14-ти мај во периодот од 07.00 до 17.00 часот, ќе врши замена на шините.
Во тој временски период патниот премин ќе биде затворен за патен сообраќај, а возилата ќе се пренасочуват на патниот премин рампа Крушевско џаде.