Важно известување до сите прилепчани кои имаат имот во областа Задград! Веднаш отидете, беснее голем пожар, сите екипи на ТППЕ Прилеп се на терен!

Голем пожар во моментов беснее во областа Задград во близина на Прилеп.

Поради тоа од ТППЕ Прилеп ги информираат граѓаните кои имаат имоти во овој дел од градот, доколку се во можност веднаш да отидат и да ги заштитат своите објекти.

Од прилепската пожарна велат дека сите нивни екипи се на терен и се борат за запирање на огнената стихија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.