ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ ПРИЛЕП ГИ ИНФОРМИРА ГРАЃАНИТЕ НА ГРАД КРУШЕВО ДЕКА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО КРУШЕВО Е БАКТЕРИОЛОШКИ НЕИСПРАВНА
Соопштението од Центар за јавно здравје Прилеп, го пренесуваме во продолжение:
При редовна контрола на квалитетот и безбедноста на водата за пиење во градскиот водовод во Крушево, од страна на ЈЗУ ЦЈЗ-Прилеп е констатирано отсуство на резидуален хлор во водата, како и микробиолошка неисправност, односно наод на бактерии од цревно потекло и зголемен број колонии на бактерии на 22 и 37 степени, заради што на ден 29.07.2025г. се известени надлежните институции во државата ( Агенција за храна и ветеринарство, Државен санитарен и здравствен инспекторат, Министерство за здравство-сектор превентивна здравствена заштита, РЦУК), како и надлежните во ЈКП Комуна -Крушево.
На жителите на град Крушево им се препорачува за пиење да користат пакувана вода, а водата од Градскиот водовод, како вода за пиење, лична хигиена, миење на овошје и зеленчук можат да ја користат само после превривање од минимум 10 минути.
Од страна на Aгенција за храна и ветеринарство водата во град Крушево на ден 30.07.2025г. е забранета за употреба.
Забраната и препораките важат се до добивање на 3 (три) последователни исправни примероци, а ЦЈЗ Прилеп ќе биде во постојана комуникација со надлежните институции и ќе ги известува жителите на град Крушево.