Важна информација за сите вљубеници во природата од Прилеп: Бесплатен превоз за сите кои сакаат да учествуваат на планинарската тура од SAMOKOV XTREME

Во организација на Општина Македонски Брод и здружението Форум за Авангардна Креативност, викендов (31 мај и 01 јуни 2025г) во Самоков се одржyva четвртиот по ред адреналински фестивал SAMOKOV XTREME.

Главната цел на овој фестивал е развојот на туризмот во Поречкиот регион и ставање на Самоков на мапата на атрактивни дестинации за авантуристички туризам. Базата на фестивалот на кој очекуваме да присуствуваат околу 500 вљубеници на природата и авантуристи ќе биде на фудбалскиот стадион, каде ќе има организирано кампување на учесниците придружено со културно забавни активности.

Учесниците со своите спортски вештини ке можат да се презентираат во следните дисциплини и истите ќе имаат ревијален карактер:

-возење со теренски возила ( џипови);
-возење со мотокрос ;
-возење со АТВ возила;
-планинарење;

Важна вест за сите прилепчани вљубеници во природата, кои сакаат да учествуваат на утрешната планинарска тура, организаторите имаат обезбедено бесплатен автобуски превоз до стартот на турата. Автобусот тргнува во 07:00часот пред “Палма Шоп”.

Планинарската тура е следна:

Се стремиме кон Порече заради не толку често посетените убавини кои пленат со зеленило и недопрена природна убавина. Добра Вода е не толку посетена планина и токму заради тоа плени со својата недопрена убавина. Таа е висока венечна планина во Македонија што се издига помеѓу долината на Мала Река од исток и Кичевската Котлина од запад. Се дели на два дела: северен (познат и под името Челоица) со највисок врв Добра Вода (2.062 м) и јужен (познат како Песјак) со врвовите Кула (1.917 м) и Коњарник (1.874 м).

За вас подготвивме многу интересна тура со локалните волонтери од Самоков заради подобро запознавање на магијата на Порече. Самоков е срцето на Порече, ако не верувате дојдете и ќе видите сами.

ОПИС НА ТУРАТА:

– Старт од село Самоков во 10:00ч. Селото Самоков се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод, на просторот на левата страна на реката Треска. Селото е ридско, на надморска височина од 600 метри.

– пешачење по асфатиран пат од 1.5 км до село Ковач. Селото Ковач исто така се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод, над селото Самоков. Селото е ридско, на надморска височина од 720 метри, не е заведено во катастарската евиденција и го дели атарот со соседното село Самоков.

– по изминување на асфалтот движењето е низ шумска патека кадешто во најголем дел сме под сенка, континуирано сме опколени со високостеблеста шума и сите нијанси на зелено. Попатно правиме кратки паузи.

– пристигнување во село Бенче кадешто правиме подолга пауза за ручек и освежување. Селото Бенче е на половина од патеката… од стартот до село Бенче има 7,5 км.

– од село Бенче продолжуваме да се движиме по планинска/козја патека до село Самоков во должина од околу 7 км од кои околу 1 км пред финиш одиме по асфалтен пат.

– Ова е средно тешка тура со околу 15км вкупна должина (12 км – шумска патека, околу 3 км асфалтен пат). Патеката е кружна, но стартот и финишот е на местото кадешто е поставен кампот, на фудбалското игралиште во Самоков.

– Предвидено е пристигнување во кампот најдоцна до 16 часот.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА И УСЛОВИ:

– психофизичка подготвеност за пешачење
– удобни чевли/ чизми (не е препорачано да се носат патики)
– Панталони со долги ногавици
– Планинарски стапчиња
– Капа и средства за УВ заштита.
– Кабаница

ИСХРАНА:

– секој сам си носи исхрана од ранец;
– вода 2 литри. (вода има во селото Бенче);
– суво овошје, сендвичи и сл.

НАПОМЕНА:

– За да не дојде до оптоварување на турата, задолжително е претходно пријавување за учество;

– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;

– Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.

– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

– За сите планинари кои доаѓаат од Прилеп, организаторот ќе обезбеди автобуски превоз на релација Прилеп – Самоков.

ВОДИЧИ НА АКЦИЈАТА:

1.Елена Младеноска 071 278 365
2. Марјан Ристески 071 201 111
3.Анѓелески Златко 078 445 055

16.00 – 18.00 организиран заеднички ручек (војничко гравче) за сите учесници на настанот

ВАЖНО!!!

Учесниците на настанот кои ќе не посетат треба најпрво да се регистрираат на пунктот за пријавување, да си подигнат стартен пакет и да потпишат Изјава за учество на сопствена одговорност. Стартниот пакет чини 600 денари и содржи: место во кампот, сувенир маичка, присуство на вечерната забава,доручек, ручек, учество во адреналинскиот конвој и производи од спонзорите на фестивалот.

Оние учесници кои нема да бидат дел од кампот во Самоков во саботата, односно ќе пристигнат утрото во неделата ќе треба : најпрво да се регистрираат, да подигнат стартен пакет и да потпишат Изјава за учество на сопствена одговорност .

ПС.во недела наутро за планинарите ќе има организиран превоз на релација Прилеп – Самоков – Прилеп со автобус.Учесниците кои ќе доаѓаат со автобусот можат да си купат стартен пакет или да си уплатат 200 денари за превозот.

За подетални информации за настанот:

Гоце Бојкоски 075 770 600
Горан Дамчески 077 976 869




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.