”Стентон градба ДОО” известува за времена измена на режим на сообраќај на државен пат крак А1, делница Градско – Прилеп (Фариш-Прилеп), поточно после мостот на р. Раец кон Плетвар, заради отпочнување со градежни активности на 02.03.2022 г. во врска со проект Рехабилитација на државен пат А1, Делница Фариш-Прилеп и ќе трае во наредните 12 месеци.
Поради изведување на градежните работи ќе има пренасочување на сообраќајот по две коловозни ленти, возачите треба да ја следат поставената патна сигнализација и да возат со намалена брзина при поминување на работната делница.