Република С Македонија не се смета повеќе за Koвид “ризична област” во Сојузна Република Германија. Со најновата одлука на германските власти, им се дозволува неограничен влез во Германија на сите државјани на Македонија. Сепак, сите лица над 12 години, кои пристигнуваат во Германија, без разлика со кој вид транспорт и понатаму ќе треба да приложат потврда за негативен тест или потврда за прележан Koвид-19 или потврда за целосна вakцинација.
Инаку со најновата одлука на Република Грција, сите патници над 5 годишна возраст при влез во Грција, покрај сертификатите за извршена вакцинација или прележана болecт, мораат да поседуваат потврда за негативен резултат од ПЦР-тест (не постар од 72 часа) или потврда за негативен резултат од рапид-тест (не постар од 24 часа).
Додека за влез во Република Австрија, сите лица треба да приложат сертификат за целосна вakцинација, или доказ за примена бустер доза на вakцина или доказ за прележана болecт (не постари од 6 месеци), заедно со негативен ПЦР тест (не постар од 72 часа). Во овие случаи не се определува мерка кapaнтин.