Важна вест за прилепските тутунопроизводители

Тутунарите од вчера започнаа со вадењето на белите картони кое според законскиот рок ќе трае до 31 овој месец.

Од подрачната канцеларија на министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство истакнаа дека со новиот Закон за тутун, кој е во собраниска процедура, од наредната година ќе бидат укинати евидентните листови.

До денеска на ниво на Македонија биле откупени 25 милиони килограми тутун, од кои во прилепскиот регион откупени биле околу 13 милиони килограми тутун.

Од подрачно министерство за земјоделство истакнаа дека доколку има потреба ќе работат и втота смена и во сабота за да се издадат сите потребни евидентни листови.

За изминатата реколта 2018/2019, од Подрачното министерство за општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени, биле издадени 10.300 евидентни листови, односно бели картони.

За оваа година се очекува да бидат издадени 11.000 бели картони и да се засади површина од 7.000 хектари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.