Децата по природа немаат трпение и мора да ги учиме на тоа.
Тоа е една од најважните животни лекции што може да ги добијат, да не ги прекинуваат родителите кога разговараат.
Некои родители им велат на децата „Чекај!“ или „Те молам, немој да ме прекинуваш“, додека други родители ќе му дозволат на детето да каже што има и го прекинуваат разговорот.
Може да го научите детето да ве допре на рамото кога сака нешто да ви каже, наместо да ви го повишува тонот и нервозно да ве повикува додека не му обрнете внимание.
За да му дадете до знаење дека знаете дека нешто ви треба, тогаш ставете ја вашата рака врз неговата. На тој начин детето ќе се смири и ќе почека да го завршите разговорот.
Пробајте го ова, ве уверуваме дека делува. Ако веќе сте го пробале, коментирајте ни да им помогнеме и да ги советуваме другите родители.