Отец Оливер Петровски кој ја предводи Хуманитарната организација Св. Спас на Скопската православна епархија при МПЦ-ОА, објави дека непознато лице го украло акумулаторот и радиото од возилото на организација.
Возилото неодамна организацијата го доби како донација, а истото требало да послужи денеска за посета на самохрана мајка во Тетово.
“Браво момци… Успеавте да го украдете акумулаторот и радиото на возилото на Х. О. Свети Спас и да ја одложите нашата посета на самохраната мајка од Тетово. Се надевам дека сте горди на себеси!!! Ќе се збогатите за дури 300 денари ако го дадете во отпад…”, напиша Отец Петровски на Фејсбук групата од организацијата.