Над 700 хектари со борова шума кај вештачкото езеро во Прилеп и Селечка планина се нападнати од боров четник.
Овие штетници се закануваат целосно да ја уништат прекрасната борова шума околу Прилеп, а засега никој ништо не презема.
Сторијата во текот на вчерашниот ден први ја објавија од “Канал 5” Телевизија, а денеска отидовме во месноста Шаторов Камен за одблиску да се увериме за состојбата на боровите.
Сликата е жална! Боровите се сушат, а штетниците ги има речиси на сите дрвја.
Постарите во Прилеп паметат дека во минатото се ангажирале работници кои ги отстранувале боровите четници, а се вршело и попрскување со авиони.
Денеска тоа не е случај, па густите борови шуми можат да бидат целосно уништени.
Покрај тоа боровата шума наголемо се уништува и да добивање на борина, која потоа се продава по пазарите.