Бopиcoв: Децата на 3aeв yчат во Coфиja (Видео)

Тој на средбата со претставници на Бугари од Македонија рече дека двете деца на Заев учат во Бугарија и оти во тоа не гледа ништо страшно.

Претсваниците на бугарското малцинство му се пожалија на Борисов дека се фантоми во Македонија затоа што и премиерот и претседателот кон нив се однесувале како да не постојат. Посебно се жалеа на образованието.

На средбата беше присутен и лидерот на ГДОМ, партија која функционира во Македонија, Петар Колев. Тој на Борисов му посочи примери на омаловажување на децата во училиштата, доколку тие припаѓаат на бугарското малцинство.

-Поради тоа, приморани сме нашите деца да учат во Софија. Моите деца учат во Софија, рече Петар Колев.

На ова Бојко Борисов му одговори: „Еми и на Заев детето учи во Софија! Моето дете учеше во САД, па тоа не значи дека сум јас америкабец, рече Бојко Борисов.

Видеото погледнете го ТУКА (Делот со изјавата на Борисов е на 17 минута од видеото)




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.