Бopбата тpaeла 30 минути: Рибap yлови сом тежок 70 кг. од водите на Тиквешкото езеро (Фото)

Рибарот Глигор Чејков по 30 минутна борба на Тиквешкото езеро успеа да извлече сом, верувајте или не тежок цели 70 килограми и должина од 205 сантиметри.

Чејков ова свое достигнување го сподели на социјалните мрежи, поточно во групата KORMORANI каде напиша:

– На ден 13 Април 2021 г на Тиквешкото Езеро 19:20 ч. чекајќи крап удира сом. Рибар јас ( Глигор Чејков), Трска параболик (Harrison Aviator 3,9m 3,5 lib, Машинка (Daiwa Basia QDX), Основен конец монофиламент (sufuks tritanium 0,30 ), Подвез флуорксрбон 0,30, Јадица (hayabysa p-1 nrb 6 ka), Мамец боила (maros) mesna и pop up ( ico baits).

На нас останува само да му честитаме, со надеж дека тој или некој друг негов другар рибар ќе го повтори ваквиот успех, па можеби и поголем, зошто да не.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.