Во Италија се појавија шпекулации дека македонскиот селектор, Игор Ангеловски од следната сезона ќе го превземе кормилото на Џенова, а Горан Пандев ќе продолжи да игра уште една сезона.
Италијанскиот новинар, Алфредо Педула тврди дека Ангеловски би можел да биде следниот тренер на Џенова.
И покрај тоа што на одличен начин Балардини избори опстанок, веројатно нема да остане на тренерското столче и следната сезона, а на негово место би можел да дојде Ангеловски.
Доаѓањето на Ангеловски на клупата на Џенова ќе значи и продолжување на кариерата на Горан Пандев за уште една сезона.
„Во моментов сум фокусиран само на Европското првенство и не сакам да зборувам за други работи. За останатото, кога ќе дојде време“, му рекокл Ангеловски на Педула.
— Alfredo Pedullà (@AlfredoPedulla) May 23, 2021