Jувентус одлучно влезе во новата сезона, вклучувајќи ја Сериа А и Лигата на шампиони. На 8 натпревари забележа исто толку победи.
Последната во низата е остварена синоќа над Наполи со 3:1, меѓутоа неколку минути после завршувањето на натпреварот приврзаниците на “старата дама” останаа во шок.
На општо изненадување своето заминување од клубот го најави Џузепе Марота, “алфа и омега” на торинскиот клуб и еден од најзаслужните за супер трансферите во изминатите години.
“На 25 октомври ми истекува мојот мандат и на листата на одборници која ќе биде објавена за два дена нема да го има моето име. Ќе работам како генерален менаџер во спортскиот сектор”, рече Марота за “Скај” и додаде:
“Нашите патишта се разделуваат, Јувентус ќе остане во моето срце, беа тоа прекрасни 8 години”.
Се шпекулираше дека Марота би можел да стане нов претседател на италијанскиот фудбалски сојуз, меѓутоа порача дека таа функција не го интересира и нема да биде кандидат.