Советот на општина Прилеп, утре 26.12.2024, со почеток од 09:00 часот, ќе ја одржи 54-тата седница, на која ќе се гласа општинскиот буџет за 2025година, а покрај буџетските прашања, советниците ќе гласаат и по следните точки:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Предлог-Буџет на Општина Прилеп за 2025 година.
2. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Прилеп за 2025 година.
3. Предлог-Одлука за утвдување на вредност на бодот за платите на административни службеници, за 2025 година.
4. Предлог-Одлука за определување на висината на благајничкиот максимум.
5. Предлог-Програма за субвенционирање на Јавните Комунални Претпријатија основани од ЕЛС Општина Прилеп за 2025 година.
6. Предлог-Буџетски Календар на Општина Прилеп, за 2025 година.
7. Предлог-Програма за субвенционирање на месечните трошоци за вода на социјално ранливи категории на граѓани за 2025 година.
8. Предлог-Програма за уредување на градежно земјиштето на подрачјето на Општина Прилеп, за 2025 година.
9. Предлог-Програма за работа на Советот на Општина Прилеп, за 2025 година.
10. Предлог- Програма за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита на Општина Прилеп, за 2025 година.
11. Предлог-Програма за обезбедување на оброк за учениците во прво, второ и трето одделение од основните училишта во Општина Прилеп, за 2025 година.
12. Предлог-Програма за доделување на еднократна парична помош за новороденче, за 2025 година.
13. Предлог-Програма за доделување на стипендии на студенти од Општина Прилеп, за 2025 година.
14. Предлог-Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести, во 2025 година.
15. Предлог-Програма за спорт на Општина Прилеп, за 2025 година.
16. Предлог-Програма за образование во Општина Прилеп, за 2025 година.
17. Предлог-Програма за култура-фестивали и манифестации, за 2025 година.
18. Предлог-Програма за одбележување на значајни настани, личности и празници, за 2025 година.
19. Предлог- Програма за доделување на награди за талентирани (наградени) ученици во основните и средните училишта во Општина Прилеп, за 2025 година.
20. Предлог- Програма за доделување награди за најдобар наставник во одделенска и предметна настава во општинските основни училишта и најдобар наставник во средните општински училишта во Општина Прилеп, за 2025 година.
21. Предлог-Програма за доделување награди за најдобар воспитувач и најдобар неговател вработени во ЈОУДГ ,,Наша иднина‘‘ Прилеп, за 2025 година.
22. Предлог-Програма за поддршка на локалниот економски развој, за 2025 година.