Вицепремиерот Бујар Османи на својот профил на Фејсбук претпладнево објави видео од кое се гледа дека повторно е во инспекција.
Вицепремиерот напиша: ИПА мониторинг и потсети дека остануваат уште 9 дена до добивањето на датумот за старт на преговори со ЕУ и дека е во контрола на ИПА фондовите.
На почетокот од видеото цитира изјава од основоположникот на Европската унија, Роберт Шуман.