Буфон во сабота го игра последниот меч за Јувентус, но не и во кариерата- заминува во клуб со кој ќе освои трофеј

Џиџи Буфон и официјално објави дека го напушта Јувентус, но не објави и крај на играчката кариера која би можел да ја продолжи во друг клуб.

„Ова е необичен ден за мене, ден полн со емоции, но на овој прес дојдов со смиреност, среќа и чувство на исполнетост. Ова е крај на една прекрасна приказна која имав среќа да ја делам со сите кои го сакаат Јуве“, вели Буфон.

„Во сабота ќе биде мојот последен натпревар за Јуве. Мислам дека тоа е најдобриот начин да се простам од оваа прекрасна авантура. Да ја завршам со два важни трофеи“.

„Стравував дека би можел да ја завршам авантурата во Јувентус како некој за кој луѓето би велеле дека паднал во формата. Но можам да кажам дека тоа не е случај и горд сум сум што во недела ќе си заминам со можеби не најдобри мои перформанси, но перформанси на нивото на моето име и на Јувентус“.

„Имам добиено некои понуди и возбудливи предизвици и за продолжување на кариерата но и за работа во фудбалот. Следната недела кога се ќе се смири ќе одлучам што е најдобро за мене“.

„Не е сега момент да прогнозираме каде би можел да заминам. Доколку продолжам, сакам тоа да биде клуб каде што ќе можам да се борам за големи трофеи, бидејќи за тоа и живеам“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.