Искусниот голман од Прилеп и освојувач на Европскиот Куп со Алкалоид, Благојче Трајкоски, во наредните две сезони ќе го брани голот на РК Бутел – информираа од скопскиот клуб на социјалните мрежи.
38-годишниот Трајкоски во кариерата бранеше во Куманово и Радовиш, потоа две сезони во МАКС Струмица, па две во Охрид, пред да се пресели во Битола, каде четири сезони беше на голот на Еурофарм Пелистер. Од 2022 година бранеше во Автокоманда.
Трајкоски ќе биде големо засилување на голот на Бутел, екипа која најавува европски аспирации за идната сезона.
Бутел претходно ја продолжи соработката со тренерот Горан Кузманоски и средниот бек Димитар Ѓеоргиевски, а се раздели со Бојан Блажески, Антонио Николоски, Драган Шољиќ, Христијан Милошески и Кристијан Давитковски