“Соломоне, те надминав”- ова се наводно зборовите на Јустинијан Први, императорот на Источното римско царство, по изградбата на црквата Аја Софија во Константинопол.
На темелите на старата црква која изгopeла во пoжap, Јустинијан наредил да се изгради нова црква чија градба траела од 532 до 537 година.
Градбата има три брода кои се одвоени со столбови. Средниот брод е најширок, речиси четвраст, има тространа апсида на исток и има купола која на градбата и дава централен карактер. Главниот терет на куполата го носат четири столбови, а на страничните бродови се наоѓа галерија.
За изградбата на Света Софија материјали се носеле од сите краишта на тогаш познатиот свет: Египет, Тесалија, црн камен од Боспорскиот регион и жолт камен од Сирија.
Аја Софија била царска градба, во неа литургијата ја слушал царот. Служела и како место за крунисување и седиште на Ввеленскиот патријарх.
Духовниот живот на Света Софија: Христијанска црква (537 – 1054), Грчка православна црква (1054 – 1204), Римска католичка црква (1204 – 1261), Грчка православна црква (1261 – 1453), Царска џамија (1453 – 1931), Музеј (1935 – 2020), Џамија (2020-).