Бунт во ЛДП? Лидерот го ставил личниот интерес пред Статутот на партијата?

Членови на ЛДП бараат Надзорниот одбор на партијата да поведат дисциплинска постапка против лидерот и актуелен министер за локална самоуправа Горан Милевски.

Барателите за постапка против лидерот Милевски за expres.mk велат дека тој го прекршил статутот на партијата.

Според нив Милевски не постапил според статутот кој предвидува Централниот одбор на партијата да донесе одлука за именување на министри во владата што сега не се случило.

На последната седница на ЦО на ЛДП било утврдена позиција за водење преговори со мандатарот Ковачевски а за одлуката Милевски да биде кандидат за министер Централниот одбор на ЛДП никогаш не заседавал со што е прекршен партискиот статут, велат членови на партиските тела за expres.mk.

Според членот 38 став 17 од статутот на ЛДП кандидатите за министри во владата ги утврдува ЦО на ЛДП за што сега воопшто не е донесена одлука.

Барањето за санкционирање на Милевски сега е на дневен ред на Надзорниот одбор на ЛДП во состав од седум члена кои ќе треба да утврдат дали Милевски го прекршил статутот и дали ќе биде санкциониран.

Извор: “Експрес.мк”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.