Буди носталгија и убави чувства: “Златните години” на прилепската Стара чаршија (ВИДЕО)

Годината е 1978, а филмот е “Златни години” во режија на Иван Митевски и според сценарио на Русомир Богдановски. Дејствието е снимано во Прилеп и прилепската Стара чаршија.

Играат: Ацо Стефановски, Петре Прличко, Тодор Николовски, Данчо Чевревски, Предраг Дишленковиќ, Лидија Велкова, Коле Ангеловски.

Филмот е во продукција на Телевизија Скопје. Едно убаво потсетување за постарите генерации и едно убаво видување за помладите како пред 50-тина години се живеело во градот под Марковите Кули.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.