Заедничката комисија помеѓу Македонија и Бугарија која е дел од така наречениот договор за добрососедство помеѓу двете земји, на крајот од месец ноември ќе заседава за тоа чиј историски херој е Цар Самуил.
-Состанокот е закажан за крајот на ноември. Тогаш членовите на комисијата треба да направат целосен преглед на учебниците по историја на Бугарија и Македонија.
Другата тема на која експертите ќе ги насочат своите напори е да се идентификуваат настаните и личностите од заедничката историја на двете земји кои можат заедно да се празнуваат.
Во рамките на заедничката експертска комисија, во македонска страна има историчари од новата генерација – пишува бугарскиот медиум “Monitor”.