Бугарскиот премиер пречекан со половина македонска химна – без делот Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански (Видео)

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска е во официјална посета на Република Македонија.

На премиерот на Бугарија Кирил Петков му беше приреден свечен пречек пред владата на Република Македонија. Тој беше дочекан од неговиот домаќин Димитар Ковачевски.

Но, кога дојде редот за изведување на македонската химна, воениот оркестар го изведе само првиот дел но не и делот што е проблематичен за Бугарија каде се споменува Гоце Делчев, Даме Груев, Сандански и Крушевската република.

Во продолжение од петтата минута слушнете го делот со химната:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.