Бугарите направија талент шоу со 3500 кандидати: Кога на сцена се појави оваа Македонка им одржа лекција на сите (ВИДЕО)

Конкуренцијата од 3500 кандидати не беше пречка за 17-годишната Славица Ангелова да влезе во потесниот круг на бугарскиот „The voice“. Таа е единствената натпреварувачка од Македонија, а на сцената покажа и докажа како се пее во Македонија.

Хитот „What’s up“ од 4 Non Blondes беше изборот на Славица, а нејзината изведба го крена целото студио на нозе. Познатата поп пејачка, Михаела Филева и даде зелено светло на нашата натпреварувачка и со тоа ја зема во својот тим.

Останатиот дел од жирото исто така не ги штедеше пофалните зборови за Славица, а во продолжение погледнете како изгледаше Славица на сцената на „The voice“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.