Секој петти Бугарин смета дека пандемиjaта на виpycoт ја предизвикал основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, како би ги контролирал луѓето со чипови кои би биле вградени со помош на вакциниpaње.
Ова го покажаа резултатите на истражувањето на Агенцијата “Тренд”. Истражувањето покажа дека 2.3 милиони Бугари сметаат дека виpycoт е создаден вештачки, додека милион граѓани сметаат дека тој воопшто не постои и дека се работи за светски заговор.
Бил Гејтс е најголема мета на теориите на заговор поврзани со пандемиjaта, а осовено откако ја критикуваше одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, за прекинувањето на финансирањето на Светската здравствена организација-СЗО.