Бугарин измамен во Прилеп: Платил 500.000 за пиперки, а пиперки не добил

На 18.09.2018 година во 09:00 часот во Полициска станица Прилеп П.К.(43) од Софија, Р.Бугарија пријавил дека на 16.09.2018 година во присуство на двајца неговите блиски пријатели дошол во Република Македонија со цел да изврши откуп на пиперки од село Обршани, општина Кривогаштани.

Откако оштетениот ја извршил исплатата на договорената роба и истата била товарена во камион заедно со целокупната документација , истиот се упатил кон Р.Бугарија.

Откако товарното моторно возило не пристигнало на договореното место пријавителот се обидел да оствари контакт со повеќе лица по што сфатил дека е измамен.

Со стореното кривично дело е предизвикана материјална штета на правното лице од Р.Бугарија во висина од 483.640 денари.

На 18.09.2018 година во Полициско одделение Кривогаштани е повикано лицето Н.Х.(46) од село Обршани, општина Кривогаштани и од лицето одземена е документација од правното лице што го застапува.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.