Бугарин го “огpaби” пејачот Спасен Силијаноски (Видео)

На социјалните мрежи постојано наидуваме на реакции од македонски музичари, како и други работници во полето на културата, кои објавуваат за постојаната, систематска кражба и плагијаризам на македонска народна и современа музика, од страна на бугарски квази-уметници, воедно преставувајќи ја како своја.

Редовноста и организираниот пристап на бугарите, укажува на тоа дека најверојатно станува збор за државна операција на Република Бугарија, а не на индивидуални музичари кои решиле да „се китат со туѓи перја“.

Последен ваков случај се појави на фејсбук, каде музичарот Спасен Силијаноски напиша: – „Се будам утрово и наидувам на криминал без преседан, “браќата” го дрпнале мојот најголем хит и си го претставиле како свој…Очигледно е дека не можат да одолеат на се што е Македонско… Замислете згора на се пишува: “всички права се запазени”….Најболно нешто за еден иноватор е тоа коа некој ке ви го украде вашиот труд, вашата интелектуална сопственост за кој месеци и години не сте спиеле и ќе го претстави како негов, а правото не функционира.“

Бугарскиот културолошки плагијат може да го погледнете на следното видео:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.