Претседателот на Црна Гора положи цвеќе и се поклони на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев, но шефот на Македонија не.
Со венец црвено цвеќе, првиот човек на Црна Гора, Мило Џукановиќ кој е во посета на Македонија, заедно со неговата делегација беа во црквата св Спас каде се наоѓа вечното почивалиште на Делчев, македонскиот револуционер кој е во фокусот на јавноста, особено откако е една од главните теми на сопнување во македонско-бугарската комисија за ревизија на учебниците по историја.
Изненадувачката одлука на Пендаровски, за непојавувањето на чин со положување цвеќе, од неговиот кабинет за Алфа го правдаа со протоколот кој наведувал дека гостинот сам оди да положува цвеќе, со членови на претседателскиот кабинет, во случајов членови од кабинетот на Пендаровски. Односно дека не морало да оди и тој.
Видео прилогот на АЛФА ТВ погледнете го ТУКА