БРУКА: “Сугарески и Тунтев си одговарале наместени прашања??” (ВИДЕО)

Во јавноста протече меил испратен од страна на координаторот на Пратеничката Група на СДСМ, Томислав Тунтев до министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, меил во кој Тунтев му ги испратил прашањата кои тој ќе му ги постави на Сугаревски на денешната надзорна расправа во Собранието – објави порталот “Инфомакс”.

На денешната надзорна расправа во Собранието на Комисијата за култура се расправаше за „Закон за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион и сродната регулатива во контекст на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на природното и културно наследство“.

Парламентарците на СДСМ ветува дека ќе вршат надзор на извршната власт и контрола на истата, но како и сите други ветувања и ова ветување се покажа како ноторна лага – пишуваат од “Инфомакс”.

Прашањето останува дали е ова враќањето на надзорот за кој пишуваше во програмата на СДСМ и за кој толку многу претставниците на владеачкото мнозинство говореа?

Дали на ваков начин се организираат сите надзорни расправи на Комисиите во Собранието?

Очигледно е дека надзорните расправи во македонското Собрание станаа само театар за собирање на политички поени од страна на власт. Со ваквото делување целосно се девалвира надзорната улога која ја има Собранието над извршната власт. Со ова се доведува во прашање и продолжувањето на надзорната расправа наредната недела бидејќи се губи смислата на целосниот процес – додаваат од порталот.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.