Брука: “Миле Талески не му се заблагодари на гласачите? Тоа е преседан или срам за многуте ветувања за работини места??”

Вториот круг на претседателските избори во Прилеп, го донесе можеби најголемиот пад на СДСМ споредено со гласовите кои оваа партија ги освои на локалните избори во 2017 година.

За само година ипол владеење тандемот Илија Јованоски, Миле Талески, падна за над 6.500 гласови во градот под Марковите кули после првиот изборен круг.

Тоа е можеби причината поради која претседателот на Општинската организација на СДСМ и Советот на Општина Прилеп, Миле Талески, не ги удостои новинарите и гласачите на СДСМ, јавно да им се заблагодари за бројот на гласови кој го добија во Прилеп.

Како благодарност до гласачите на СДСМ, Талески објави само краток статус на својот Фејсбук профил, без притоа јавно да застане пред прилепчани, како после првиот круг од изборите.

Еве како Талески ве поздрави после првиот круг од претседателски избори:

Дали се што кажал тогаш не важи денес или се’ е заради метлата??

Или можеби наставникот по одделенска вработен во поранешното СИЗ, а денес (АД за ССДП) ужува некаде во хаосот во Старата прилепска чаршија, за кој од опозициската ВМРО-ДПМНЕ посочија дека е предизвикан од функционерите на СДСМ од Прилеп??




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.