И ова година се собраа иселениците и Mакедонците од Егејска Македонија да го одбележат големиот македонски празник Илинден и големиот христијански празник Св.Илија.
Уште еднаш граѓаните на семакедонската средба во битолско Трново кажаа “не” за договорот со Грција и со Бугарија.
На средбата се обрати и архимандритот Никодим Церкњас.
Ни градоначалничката на Битола, ниту eден пратеник на СДСМ, никој не ги испочитува иселениците и Македонците од Егејот и не ги удостои со свое присуство на средбата.