Фото/printscreen/www.infokompas.com.mk
Еден од учесниците на денешното фрлање на Светиот крст за Водици во Прилеп, се пожали на нехуманиот третман кон учесниците.
“Повторно едно големо бравос за нашата општина. Како не ви беше срам на учесниците кои беа премрзнати да ги удостоите на улица со едно сендвиче имто и тоа поделено беше надвор наместо во топла просторија ама битно муцето и компанија си влегоја внатре си седнаја да си се најадат..Епа јас да ви кажам ви останаја надвор неколку сендвичи од нас неколку пријавени што бевме што не сакавме да се почестиме поради таа брука голема што ја видовме слободно можите да си ги земите во општина да си се почестите во случај да не ви е малце тоа што го јадевте и пиевте внатре на тополо додека ние пријавените мрзневме…Она не беше за душа да се разбериме за здравје беше онака лепчиња се даваат само за душа”, пишува еден од учесниците во статусот кој брзо се прошири на социјалните мрежи.
За секој празник има по некоја нова глупост на прилепската локална власт pic.twitter.com/zrSmZT1OeA
— ДОРЧО (@Dorcobre) January 19, 2019