Доцна синоќа опожapено е возилото на директорот на Јавното комунално претпријатие “Koмуналец” – Прилеп, Рубин Абрашоски.
Засега нема информации дали се работи за еден или повеќе сторители и на што се должи ваквиот настан.
Изминатиот период билтенот на МВР во Прилеп го преплавија настани на грабежи, тепачки и разни други кривични дела, а синоќешниот настан е само уште еден во низата.
После настанот во саботата, кога див продавач се обиде да прегази комунални инспектори од општината и полициски службеник, следуваше кражба среде бел ден во понеделникот исто така во центарот на Прилеп.
Се работеше за 21-годишник кој грабнал ташна со неколку илјади евра од жена, а потоа бил совладан од случајните минувачи.
Прилеп се повеќе наликува на Бронкс.