Бронезената од “Светското армиско првенство” Маја Дејкоска, на прием кај градоначалникот Ристески

_mg_7368

Членовите на боречкиот клуб „7-ми Мај“ од Прилеп, кои имаат освоено медали на меѓународни турнири, остварија средба со градоначалникот Марјан Ристески, кој, патем е голем поддржувач на спортот. На средбата со првиот човек на градот се најдоа  борачите: Стефан Стојчески, Катерина Мирческа,Теодор Темелкоски, Леонид Каратошески, Барбара Стојкоска, како и Маја Дејкоска, која неодaмна го освои бронзениот медал на 31-то “Светско армиско првенство” во борење, бранејќи ги боите на Република Македонија и на Армијата на Република Македонија.

Таа настапи во слободен стил во категорија до 58 килограми и ги пренесе своите импресии од настанот, како и од многубројните учевства на боречките турнири, но ги презентира и своите планови за во иднина, поврзани со овој витешки спорт, борењето.

_mg_7386

_mg_7388

_mg_7380

_mg_7390

Градоначалникот на Прилеп при оваа средба со спортистите – борачи, уште еднаш ја потенцира важноста младите да спортуваат и рекреираат, а услов за постигнување на врвни спортски резултати покрај талентот, упорноста, постојаното вежбање и надоградување, е и постоење на терени и спортски сали во кои спортистите можат беспрекорно да тренираат.

_mg_7376

_mg_7369

“На тој план локалната власт, заедно со Владата на Р. Македонија и Агенцијата за млади и спорт, неуморно и постојано вложува”, рече градоначалникот Марјан Ристески, пред младите спортисти, честитајќи им ги успесите на сите нив.

_mg_7398

_mg_7419




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.