Безброј пати до сега сме слушнале дека мастите се штетни за нашето здравје, затоа што ги затнуваат артериите, го повишуваат ризикот од болести на срце, здебелуваат. Но, британскиот кардиолог Др Асим Малхотра го тврди спротивното.
И далеку од тоа дека е единствен во своето тврдење. Новите истражувања покажуваат дека непријател број еден на нашето тело е шеќерот. Освен тоа, Др. Малхотра тврди дека полномасните производи се добри за нашето здравје и дека постојат бројни докази кои покажуваат дека мастите не само што не доведуваат до срцеви болести, туку исхраната која вклучува полномасни млечни производи, штити од срцеви болести и дијабетес од тип 2.
Др. Малхотра ги охрабрува своите пациенти да јадат масти, но да избегнуваат “лајт” производи. “ Им советувам да јадат полномасни производи и намирници кои содржат масти. Кога им велам да се држат подалеку од се она што наводно го намалува холестеролот, ме гледаат со отворени усти”, вели кардиологот.