Британската премиерка: “Сите сме yништени”

Премиерката Лиз Трас објави изјава за смртта на кралицата, опишувајќи ја како „голем шок за нацијата и светот“.

„Сите сме уништени“, рече таа пред собраните луѓе пред Даунинг стрит.

Трас ја опишува кралицата како „карпата на која е изградена модерната Британија“ и „самиот дух на Велика Британија“. Таа се сеќава дека отишла во Балморал пред само два дена за да се сретне со кралицата за да положи заклетва како премиер и вели дека кралицата била „лична инспирација“ за неа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.